четврток, 30 април 2026

Вестите од Бугарија не се охрабрувачки, но комуникацијата продолжува, вели Османи

Објавено на

часот

Сподели

„Немаме дилема дека сме дел од Европа и дека припаѓаме на ЕУ. За жал, немаме охрабрувачки вести од Бугарија. Тоа се покажа како важен фактор за наоѓање на решение за блокадата на европската перспектива. Комуникацијата помеѓу двете министерства за надворешни работи продолжи, се разговара, но тоа е колку да се одржи комуникацијата и да не се создаде јаз кој потоа треба да се исполнува. Очигледно е дека потребно е формирање на влада во Бугарија“, рече Османи на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања.

Според него, сега се очекува предвидливост во Бугарија иако, како што додава, технички има можност и со техничката влада во Софија да се надминат разликите.

„Јас цело време бев на ставот дека политичка влада не е неопходна, бидејќи политичката одлука беше донесена лани во март и првата  одлука во март веќе е донесена и првата меѓувладина конференција требаше да биде само техничко исполнување. Но, тоа очигледно се покажа како неможно. Ситуацијата во Бугарија е таква да одлуката не може да се донесе без политички институции. Иако вестите не се охрабрувачки, ние ќе продолжиме да комуницираме и да убедуваме дека регионот не смее да биде заложник на внатерешн-политичките околности во која било земја членка“, рече Османи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ