четврток, 30 април 2026

Татко и ќерка продавале фалсификувани дела на Пикасо, Ворхол и Бенкси, заработиле 2 милиони долари!

Татко и ќерка од Њу Џерси се изјаснија за виновни за долгогодишна шема за фалсификување уметнички дела со која биле измамени галерии и аукциски куќи.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Тие продавале лажни слики од познати уметници, вклучувајќи ги Пабло Пикасо и Бенкси.

Според обвинителството, Ервин Банковски (50) и Каролина Банковски (26) ангажирале уметник во Полска да изработи најмалку 200 фалсификати, користејќи ги имињата на познати автори како Енди Ворхол и други, со што ги оштетиле клиентите за најмалку два милиони долари.

Обвинителите тврдат дека делата честопати биле копии од помалку познати дела од уметници и биле продавани преку аукциски куќи и галерии во Соединетите Држави, вклучувајќи неколку аукциски институции кои подоцна соработувале со властите.

Еден од најскапите фалсификати е продаден за околу 160.000 долари, додека другите слики предизвикале сомнеж откако експертите забележале неправилности во материјалите и ознаките на задната страна на уметничките дела.

Таткото и ќерката се изјасниле за виновна на суд и изразиле каење, а се соочуваат со можни затворски казни, парична отштета и депортација.

Експертот за криминал со уметнички дела, Ерин Томпсон вели дека единствената необична работа во врска со овој случај е што фалсификаторите биле откриени, истакнувајќи дека пазарот на уметнички дела често е подложен на измами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ