петок, 8 мај 2026

Стоилковски: Ковачевски крши закони, освен декан, именувал и продекан во ИО на СДСМ

Објавено на

часот

Сподели

„Пиунот Ковачевски спротивно на законот во ИО на партијата, високо партиско тело, ја именува Доц. д-р. Ана Данева Маркова, од Клиниката за гинекологија, којашто е Продекан за специјализации и супспецијализации на медицинскиот факултет при УКИМ. Пиунот Ковачевски, на најгруб начин го крши Законот за високо образование, донесен од СДСМ во 2018 година, којшто е дециден дека ‘Вршењето на должноста декан и продекан, е неспоиво со вршење на друга јавна функција или функција во политичка партија’. Ковачевски спротивно на законот, ги именува Ана Данева Маркова продекан од Медицинскиот факултет, како и Мишко Ралев, декан на Факултетот за архитектура и дизајн, на високи партиски функции, како членови на Извршниот одбор на СДСМ“, рече Стоилковски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека станува збор за грубо кршење на законот од страна на „пиунот Ковачевски, но и од двајцата професори, декан и продекан на факултети, коишто спротивно на закон прифатиле високи партиски функции“.

Според него, СДСМ за овој скандал молчи и бега од јавноста. Стоилковски рече дека ВМРО-ДПМНЕ очекува Ковачевски да ги изземе двајцата професори, а од нив самите, тие да си се повлечат од функциите во високото образование.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ