Максималните дневни температури во Скопје ќе достигнат 17 Целзиусови степени, во Маврово 13, Охрид 14, Битола, Крива Паланка и Берово 15, Кавадарци 17, Дојран 19.
Утре времето во цела Македонија ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено на југозападот. Дневните температури ќе се движат од 12 до 20 степени.






