Од април Зиков е новиот амбасадор на Русија во Македонија. Тој вели дека поединечни претставници на македонските власти одржуваат работни контакти со Амбасадата и помагаат во решавањето на конкретни прашања.
„Сепак, од 2022 година, интеракцијата со руските дипломати е минимална – повеќето официјални лица избегнуваат контакти, а предлозите за возобновување на билатералната соработка остануваат без одговор.
Движењето на Скопјe кон Европа започна во 2005 година. По толку значаен временски период, процесот на преговори, строго кажано, сè уште не е започнат. Постапката за пристапување ѝ овозможува на секоја земја од ЕУ да постави какви било барања за кандидатите за членство. Тие барања можат да бидат многу разновидни. Македонскиот пример покажува колку е политизиран и непредвидлив овој процес и како ноторните ‘копенхагенските критериуми’ не се целосно почитувани од самиот Брисел.
Проширувањето на ЕУ, во пракса, не е врвен приоритет за Брисел. За главната цел денес се смета милитаризација за спротивставување на измислената ‘руска агресија’“, вели амбасадорот Зиков.
За неговиот досегашен престој во Македонија тој вели дека Македонците се гостопримливи, отворени и позитивни кон странците.
„Позитивната слика за нашата земја е многу силна. Се памти улогата на СССР во поразот на нацизмот. За православните граѓани, кои го сочинуваат најголемиот дел од локалното население, духовните врски играат посебна улога, обликувајќи ја сликата за Русија како блиска, ‘братска’ земја.
Во исто време, патувањето во Makedonija е исполнето со број тешкотии за Русите. Македонските власти го напуштија де факто безвизниот режим. Претходно постоечката директна воздушна врска повеќе не функционира, а летовите со трансфер во други земји ќе бидат долги и многу поскапи“, вели Зиков.
Тој за ставот на Македонија за украинската криза вели дека е диктиран од евроатлантскиот вектор на надворешната политика.
„Македонските власти најдоа можности да му обезбедат на киевскиот режим повеќе од само политичка поддршка. Според овој индикатор, земјата е меѓу лидерите во НАТО сметано по глава на жител.
Од почетокот на специјалната воена операција, македонските власти се приклучија на сите рестриктивни мерки на ЕУ против Русија, вклучително и оние воведени од 2014 година, што веднаш влијаеше на меѓусебната трговија, која се намали за три пати.
Оние кои отворено ги посочија очигледните штетни последици од американско-израелската авантура на Блискиот Исток се најдоа тука во малцинство.
Прашањето за одбивање да се купи руски гас не е прашање на техничка изводливост на алтернативите или економска целисходност, туку чисто политичко. Намерно се преземаат чекори за намалување на увозот на руски природен гас. Од почетокот на 2026 година, азербејџанскиот гас е редовно присутен на македонскиот пазар, иако се купува по цена речиси двојно поголема од рускиот гас“, рече Зиков во интервјуто за ТАСС.






