„Не верувам дека човек треба да прави планови пред да си ја заврши работата“, рече Шекеринска по посетата на армискиот полигон „Криволак”, каде направи увид во градежните работи кои се извршуваат на повеќе објекти и на активностите на обиколницата на полигонот.
Според неа, земјава има одличен амбасадор во НАТО, што е многу важно особено заради тоа што државава допрва го создава впечатокот како нова членка. Важно е, истакна таа, да имаме многу посилен тим во НАТО, што секој ден, како што рече, го засилуваме.
Во врска со геополитичката состојба Шекеринска оцени дека таа е доста непредвидлива и дека затоа е за поздравување почетокот на директните разговори помеѓу САД и Русија и закажаната средба помеѓу НАТО и Русија. Според неа целта на Алијансата е стабилна, безбедна и просперитетна евроатлантска област.






