четврток, 7 мај 2026

Прво Заев да нè информира за договорот со Алтернатива, па ќе одлучиме дали го прифаќаме, вели Милевски, лидерот на ЛДП

Објавено на

часот

Сподели

„Немаше потреба да се прават овие театри еден месец и да се дефокусира јавноста бидејќи државата има еден силен предизвик во декември, а тоа е почеток на преговорите со Европската Унија и целата енерија на политичките чинители треба да се насочи кон решавање на овој проблем којшто ќе значи подобар животен стандард на граѓаните, наместо да се занимаваме со личните позиции и кадровските решенија коишто очигледно се договорени,“ изјави Милевски, лидерот на ЛДП, партија која заедно со ДОМ е дел од владината коалиција.

По регионалната конференција на АЛДЕ и ЛДП, Милевски изјави дека Либерално-демократската партија не се занимава „со секојдневните политички пазарења од кои се изморивме изминатиот период, туку сме насочени кон меѓународната политика и да направиме сè што е возможно да се деблокираат сите прашања за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ“.

ЛДП заедно со ДОМ имаат тројца пратеници и едно министерско место во владата. Милевски е министер за локална самоуправа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ