четврток, 7 мај 2026

Парични награди, наградни отсуства, признанија за припадници на Армијата што учествуваа во гасењето на пожарите

Објавено на

часот

Сподели

Со парична награда од 20 илјади денари наградени се 14 лица од воздухопловниот винг при Командата за операции, со 10 илјади денари наградени се 274 лица од Команда за операции, 10 лица од Баталјон на специјални сили и 12 лица од извидувачко – разузнавачки баталјон.

Со три дена наградно отсуство се наградени 228 лица од Команда за операции и 10 лица од Баталјон на специјални сили. Пофалени се 463 лица од Команда за операции, 10 лица од Баталјон на специјални сили и 13 лица од извидувачко – разузнавачки баталјон.

Шекеринска им оддаде признание и благодарност за нивната пожртвуваност и храброст за време на пожарите, кога спасија многу животи, многу имоти и природни богатства, со нивниот, како што рече, беспоштеден ангажман во гасењето на огнените стихии.

„Знам дека тоа што го правевте и жртвата што ја преземавте не ја правевте ниту за пари, ниту за пофалници, ниту за слободни денови, туку заради вашиот збор дека ќе служите и ќе сторите сѐ за да ја заштитите државата и да ги одбраните нејзините луѓе. Како велат, зборот е секогаш нашиот долг, тој нѐ обврзува, нѐ врзува, нѐ дефинира и одредува, понекогаш нѐ издига, понекогаш, нѐ треска од земја. Затоа она што го најавивме на денот на Армијата, покажавме дека не е само лесно даден збор, туку оти е обврска што сме ја преземале и знаеле дека ќе се исполни“, рече Шекеринска.

Таа уште еднаш се заблагодари затоа што силно и храбро стоеја кога сите имаа потреба од нивната сила.

„Ниту еден од вас, сите оние над 700 спомнати од оваа наредба, не помисли да ја предаде обврската на некој друг, никој не помисли да остане со своето семејство и да замижи пред заканата кон граѓаните. Ниту еден од вас не ги чувствуваше болката и уморот, чадот и тежината на задачата, сериозноста на ризикот буквално да се влета во огнените стихии, било како пешадија, било како воздухопловство и секој пат кога доаѓавме некој од нас на терен за да се заблагодариме за пожртвуваноста и да прашаме дали може некако да помогнеме, секој од вас ја кажуваше истата реченица – тоа е нашата задача. Од најлошото спасивте и човечки животи, и куќи, и манастири, воени инсталации. Затоа сме тука денеска, и во име на целата држава да ви посакаме сѐ најдобро и да кажеме едно големо благодарам“, кажа Шекеринска во обраќањето на свеченоста во скопската касарна „Илинден“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ