петок, 1 мај 2026

Османи: Ова е влада на ДУИ и ДУИ не може да излезе од сопствената влада

Објавено на

часот

Сподели

„Kога политичките партии имаат проблеми со датумите, тоа повеќе ми личи дека имаат проблеми со самодовербата за исходот на изборите. Ние во овој случај немаме таков проблем. Така што, кој било датум што ќе го одлучат политичките партии по однос на одржување на изборите за нас е прифатлив. Дали 17, дали 31 октомври, за нас се прифатливи датуми“, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање.

На прашањето дали ДУИ размислува да ја напушти Владата ако нема поддршка од СДСМ на локалните избори, Османи вели нема такво нешто.

„Прво ДУИ не може да ја напушти сопствената Влада, ова е Влада на ДУИ. Така да, мислам дека таа матрица дека ДУИ е влезена е погрешно. Ова е влада на ДУИ и не може да излезе од сопствената Влада. Нема такви ситуации, разговараме со коалициските партнери  во однос на постигнување за можноста за соработка на овие локални избори. Имавме добро искуство на изминатите локални и тоа дава доверба кај двете страни дека е тоа добро и за граѓаните и за политичките партии и за државата“, посочи Османи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ