Османи рече дека партнерството со САД, покрај за нашата земја, е важно и за соработката меѓу земјите од регионот.
Според министерот, соработката во регионот е важен приоритет во неговата мандатна мисија како шеф на дипломатијата.
Во тој контекст Османи го спомна проактивното учество на земјата во тековните регионални иницијативи, како што е Берлинскиот процес, а информираше и за автентичната „Иницијатива 8″- трилатерален процес за тесна координација и соработка меѓу Македонија, Албанија и Бугарија за инвестициските проекти за поврзување на земјите со Јадранското и Црното Море.
Тој најави уште една иницијатива – неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан – наречен Б6, чија цел е брза и непосредна комуникација на дипломатиите од регионот, налик на сличните форуми во рамките на европските земји, како што се Ц5 или В4.






