понеделник, 4 мај 2026

Нови пратеници во Собранието, ќе ги нема Костадинов, Муцунски, Костовски и Јорданов

Објавено на

часот

Сподели

Промени ќе претрпат пратеничките групи на владејачката СДСМ и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалник на Струмица станува Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ и претседател на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. На негово место во собраниското столче треба да седне Љубица Спасова, со реден број 12 на листата на партијата на минатите парламентарни избори.

 Во првиот круг од изборите во скопската општина Аеродром победи Тимчо Муцунски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за финансирање и буџет. На негово место доаѓа Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, кој на листата на партијата и коалицијата во првата изборна единица беше на осмото место.

Дарко Костовски, исто така од ВМРО-ДПМНЕ стана градоначалник на Бутел и на негово место доаѓа Зоран Коцевски, кој на листата за пратеници во втората изборна единица беше на осмото место.

Драган Ковачки од листата на ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица доаѓа на местото на новиот градоначалник на Штип Иван Јорданов.

Во вториот круг на локалните избори за градоначалничка фуниција се борат уште тројца актуелни пратеници Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Биљал Касами од Беса во Тетово и Коле Чаракчиев од СДСМ во Радовиш.

Доколку лидерот на Беса Касами победи во Тетово, СДСМ ќе има уште еден пратеник во Собранието. И Беса и ДУИ се владини коалициски партнери на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ