среда, 6 мај 2026

Николоски: Иницијативата за доверба на Владата со 61 потпис е поднесена во Собранието

Објавено на

часот

Сподели

Николоски рече дека во тек се интензивни развговори со уште неколку пратеници и очекува до четврток ова мнозинство од 61 пратеник да биде зголемено за уште неколку пратеници.

Во однос на изјавата на Скендер Реџепи, Николоски рече дека високо го ценат него како чесен и добар политичар и нагласи дека ставот на  тој пратеник на Алтернатива е јасен дека тој гласа за недоверба на Владата и дека нема да ја поддржи оваа Влада на Зоран Заев.

„Друго е прашањето кое следува за состав на нова влада. Тое е веќе наредниот чекор кога ќе почнат преговорите за состав на новата политичка влада. Ако политичките партии успеат да состават и да се договорат, тогаш ќе имаме нова влада, ако не се успее во тие преговори тогаш неминовно ќе се оди на брзи предвремени парламентарни избори. Осум дена ја чекаме оставката на Зоран Заев. Доста е“, рече Николоски.

Тој прочита и дел од образложението кое е доставено заедно со иницијативата за гласање за состав на нова влада. Во образложението пишува дека Владата на СДСМ и ДУИ во последните пет години не донесе значајни резултати, освен сиромаштија, инфлација, криминал и корупција. „Локалните избори беа референдумско изјаснување на народот против Владата на Зоран Заев и неговите политики. Народот заслужува напредок и подобар живот. Време е поделбите и конфликтите да престанат. Време е за промени. Оваа Влада владее со конфликти и не одалаечува од ЕУ со една цел – одбрана на криминалот. На иницијативата се потпишани 61 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За обнова на Македонија, на коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Беса и Левица“, рече Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ