четврток, 30 април 2026

„Неуспешен обид за дискредитирање на партијата и на Маја Морачанин“

Објавено на

часот

Сподели

Во реакцијата – соопштение се вели дека зелената партија ДОМ ги негира „индивидуалните изливи на незадоволство и клевети искажани на денешната прес-конференција на Алтипармаковска во однос на функционирањето на партијата и на работата на нејзината лидерка, Маја Морачанин. ДОМ одговорно тврди дека лажно се прикажува незадоволство на 17 општински организации, чии членови не се ниту запознати ниту консултирани за оваа прес-конференција“.

Во реакцијата се порачува дека е очигледно дека мала група на лица, од кои, некои лажно се претставуваат со функции од партијата, имаат јасна намера да му наштетат на ДОМ и да го нарушат кредибилитетот и рејтингот на партијата пред локалните избори.

„Тоа, сепак, не може да ги збуни граѓаните на кои не им е јасно која е политичката цел и намера на Алтипармаковска, ниту, пак, за што таа се залага. Ќе беше добро наместо неосновани обвинувања и етикетирања, да им објасни на граѓаните што сработи за овие четири години како советничка од ДОМ во Битола“, се вели во репликата до Ристенка Алтипармаковска.

Според соопштението, барањето оставка од претседателката Маја Морачанин, не е основано, „зашто само пред некој месец, на состанок на Централниот одбор, таа поднесе извештај за нејзината двегодишна работа и побара членовите на ЦО да се изјаснат дали даваатг доверба таа да продолжи да ја води партијата.

„Без ниту еден глас против или воздржан за Морачанин беше изгласана доверба, со што, уште еднаш, се потврди единството на членството на партијата и заложбите за доследно спроведување на зелените политики.
Функционирањето на Зелената партија ДОМ се заснова врз демократски принципи и ги почитува различните ставови и сите политички прашања се решаваат низ дијалог во рамките на органите на партијата. Очигледно е дека со вакви невистинити изјави, неколку поединци сакаат да ги поткопаат угледот и влијанието на партијата, а можеби одработуваат туѓи агенди. ДОМ е фокусиран на подготовките за локалните избори и во иднина нема повеќе да реагира на вакви несериозни активности на поединци“, се вели на крајот на реакцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ