сабота, 2 мај 2026

Непопишаните од утре ќе можат да се попишат на одредени пунктови во својата општина

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика (ДЗС) на денешната прес-конференција, ова се однесува на оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите 20 дена да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивиниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноствано не бил воспоставен контакт.

„Тие граѓани ќе можат да појдат на овие локации во нивните општини и да се попишат. Овие локации, за секоја општина во државата, ќе бидат објавени попладнево на веб-страницата за Пописот https://popis2021.stat.gov.mk/ и за сите подетални информации граѓаните ќе можат да се обратат и на телефоните што се објавени на веб-страницата, во контакт центарот на ДЗС каде ќе ги дадеме сите потребни информации”, изјави Ѓоргиева.

Таа додаде дека влегуваме во последна фаза од пописните активности на терен, кога се привршуваат сите активности што се спроведуваа последните 20 дена, кога попишувачите и нивните реонски инструктори ги посетуваат сите пописни кругови, ги проверуваат и се обидуваат да откријат дали некој е пропуштен.

„Тоа е и целта на пописот. Никој да не биде испуштен, односно да биде офатено целото население кое живее на територија на Република Северна Македонија”, нагласи Ѓоргиева.

Истовремено таа потсети дека пописот трае до четврток, 30 септември, а попишувачите работат интензивно на терен, од 8 до 20 часот и им порача на граѓаните кои досега не биле попишани, да бидат трпеливи и да очекуваат дека следните денови ќе бидат попишани.

Инаку, заклучно до денеска до 12.00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови. Исто така, до денеска заклучно до 12.00 часот се самопопишани 195.477 граѓани од дијаспората.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ