
Како што соопшти потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, од вкупниот број гласачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.740.147. Во посебните извори од Избирачкиот список за лица кои се на привремена работа или престој во странство се запишани 82.461 гласач, на издржување казна затвор или се во притвор се 1.899 гласачи, во установи за вонсемејно сместување се запишани 351 гласач и во посебниот извод на Избирачкиот список за раселени лица има шест гласачи.






