понеделник, 4 мај 2026

Муцунски носеше маска во затворено само за гласање, а по изборот заборави на протоколите за заштита од ковид (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Муцунски, кој победи во првиот изборен круг е фотографиран заедно со кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска и во слаткарница во општината со која треба да раководи, но ниту еден од нив не носи маска во затворен простор. 

Обврската за носење маска и држење дистанца во затворено важи за сите, вклучувајќи ги и учениците и наставниците кои, откако се отворија училиштата со физичко присуство се по 8 часа со заштитна маска на лицето. 

Иако на официјалните профили на оние кои се или треба да бидат на функција се објавуваат постојано фотографии кои јасно покажуваат дека не се почитуваат протоколите, до сега никој ниту им укажа, ниту ги казнува. 

Очигледно дека донесените протколи не важат подеднакво за сите. 

И на официјални Фејсбук профил на независниот кандидат за градоначалник за општина Кичево Фатмир Лимани е објавена групна фотографија на која никој не носи маска. 

Протоколите, според фотографиите објавени на социјалните мрежи не ги почитува ниту идниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. 

 И фотографии од протоколарната средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери со новоизбраната претседателка на Собранието на Република Албанија, Линдита Никола покажаа дека нема почитување на протоколите за носење на заштитна маска во затворен простор. 

Препораките и истражувањата покажуваат дека и вакцинираните лица треба да продолжат да носат заштитни маски во јавност, бидејќи тие сè уште можат да носат, а можеби и да шират, исто толку вируси колку и невакцинираните лица, без да бидат свесни за тоа. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ