
„Не можеме ние да поддржиме продолжување на енергетската криза. Можеме да поддржиме и да не поддржиме воведување на кризна состојба поради проблемите со електричната енергија, односно енергетиката во државата, бидејќи тој првиот период истече и сега треба истата таа да се продолжи. Денеска на прес-конференција во Парламентот предложивме две активни мерки коишто треба веднаш државата да ги донесе и Владата. Првата е субвенција на сметките за електрична енергија на граѓаните и стопанството во вредност од 15 милијарди денари или минимум 250 милиони евра како дополнение на оние првичните 4 милијарди и 65 милиони за да не дојде до ценовен шок и да не дојде до зголемување на сметките за електрична енергија на граѓаните и домаќинствата.
И втората мерка која што веднаш ја бараме од Владата е да ја покрие разликата на сметките кои што ги добиваат општините, поради тоа што голем број на снабдувачите ги откажуваат договорите, а сега тие мора да плаќаат и двојно и тројно повисоки сметки за електрична енергија. Ова се двете клучни мерки што треба Владата веднаш да ги преземе. Доколку тоа го преземе владата ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи продолжување на кризната состојба”, рече Мицкоски во Битола.






