„Апсолутно ги отфрлам овие мерки кои дополнително прават поделба меѓу македонските граѓани. Овие мерки имаат единствена задача, практично да воведат една таканаречена вештачка непримерна контрола, ќе го уништат оној бизнис кој што колку – толку започна да функционира, ќе донесат еден вид фрустрација кај граѓаните, посебно кај оние кои што имаат уставно загарантирано право да изберат дали да се вакцинираат или да не се вакцинираат, иако јас лично сум за имунизација по пат на вакцинацинирање“, вели Мицкоски.
Според него, имиунизацијата на населението започна многу доцна и затоа, според него, мерките немаат врска со медицината, ниту со заштита на здравјето, туку, рече, дополнително ќе го фрустрираат населението и ќе го поделат.
Мицкоски нагласи дека тој е на страната на оние граѓани кои што масовно изразуваат негодување против ваквите мерки „донесени од оваа неспособна влада на СДСМ“.






