Вистината за несреќата во Тетово, како што рече, мора да се знае, а виновниците мора да се казнат.
Мицкоски повторно ја обвини власта дека го сменила Законот за градба и дозволила модуларната болница во Тетово да се постави „на диво” и за тоа не се потребни меѓународни истраги, ниту да доаѓаат комисии од „ваму или од таму”, зашто, како што вели, работата е едноставна, постапката е управна, а процедурата промашена.
„Комисијата требаше да биде формирана пред два дена. Но, еве, јас нека бидам тој што ќе претрпи политичка штета. Што сега, форма ќе бараме? Зошто не сме ја користеле новата придавка? Еве, ќе поднесеме ново барање, ние нека ја трпиме таа политичка штета, јас лично, само нека се открие вистината за 14-те загубени животи и да има одговорност. Ова се локални, а не парламентарни избори. Нема законска необврска да се закаже комисијата. Сосема друго е тоа што спикерот Џафери рече дека веќе нема да закажува седници. Тоа значи дека тој така одлучил, а така одлучил зашто мисли дека на тој начин ќе заштити дел од рејтингот на неговата партија и коалицискиот партнер”, изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања пред средсбата со раководството на Стопанската комора на Северозападна Македонија.
Откако обвини дека на власта тендерите и се поважни од тоа што се случува во здравството, додаде дека одговорноста за несреќата во модуларната болница треба да се бара по вертикала – кој сето тоа го дозволил, а според него, се е направено од страна на одговорните.






