петок, 1 мај 2026

Maкедонци во светот: Измените во Законот за државјанство како финална етапа во дезинтеграцијата и федерализацијата на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

„Колку за споредба, главни критериуми и услови во Европа за државјанство се престој во државата од 10 до 12 години, успешно интегрирање во системот и неповредување на правниот систем , да не претставува закана по внатрешната и надворешна безбедност на државата, почитување вредностите на нацијата, многу добро познавање на јазикот Б1 (според европскиот систем на класификација на познавање на јазиците – СЕРЛ)… Така е во Швајцарија, Франција, Белгија, Италија…

Во суштина , целта на донесувањето на овој закон кој првично беше предложен од албанските политички структури, е задоволување на нивните апетити и враќање на предизборниот долг на владејачката партија спрема нејзините коалициони партнери, а кое воедно е и дел од таканаречената Тиранска платформа.

Со тој подмолен политички чин кој де факто ќе биде увертира за претстојниот најавен попис на населението, буквално ќе се создадат сите услови за дезинтеграција и федерализација на Република Македонија.

Имајќи ја во предвид, сериозноста и опасноста од предложените владини мерки, ги повикуваме македонските политички сили во Собранието и надвор од него, да го оспорат и бојкотираат овој антиевропски закон за државјанство, а воедно и да го спречат и одложат најавениот Попис за попишување на сите „Албанци “ надвор од државата“, се вели во соопштението на координативно тело на Македонците во светот од Женева, Лондон, Брисел, Њујорк и Мелбурн.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ