
Лорер, како што јавува МИА од Софија, за Буграското национално радио изјавил дека бугарски национален интерес е и Бугарија да се претвори во исклучително богата и социјално праведна држава, која е опколена со исти такви соседи.
Според него, за соседите на Бугарија патот кон богатството и социјалната правда минува низ членството во ЕУ.
„Со еден продолжен и позитивен дијалог со македонската страна ќе бидат постигнати условите, не само историски, туку и економски, академски, како и културни за врските меѓу двете држави. Тоа треба да се случи за да се почувствува секоја од двете страни далеку посигурна во тој дијалог“, вели Лорер.
За изјавата на Слави Трифонов, Бугарија да ѝ дозволи влез на Северна Македонија во Европска Унија, ако САД ги укинат визите за бугарските граѓани и земјата веднаш да стане членка на Шенген зоната, тој рече дека мислењето на Трифонов е интересно, бидејќи на тој начин тој поврзува еден билатерален спор со Европската Унија и САД.






