четврток, 30 април 2026

Левица: Сеграгацијата на невакцинираните е противуставна и нечовечна

Објавено на

часот

Сподели

Според Левица, најавите за рестриктивни мерки кон невакцинираните се длабоко дискриминаторски во својата основа и истите, како одраз на неолибералниот корпоративизам, се противуставни.

Партискиот став, како што е наведено, е во согласност со Резолуцијата 2361 (2021) на Парламентарното собрание на Советот на Европа, но и на повеќе стручни и издржани, правни и медицински аргументи, меѓу кои може да се додаде и недовербата на граѓаните во институциите и урнисаниот здравствен систем.

Левица додава дека инсистирањето да се вакцинираат и граѓани кои ја прележале болеста и стекнале имунитет е нехумано, но и не е засновано на медицински докази и е непознато во праксата. Освен тоа, како што е наведено во соопштението, државата не располага со податок колку граѓани ја прележале болеста и дека веројатно официјалната бројка од нешто повеќе од 150 илјади лица кои имле позитивен ковид-тест треба да биде помножена најмалку со 4.

„Која е логиката на забрана за движење на невакцинирани граѓани со цел да не бидат потенцијални ширачи на вирусот, а од друга страна, вакцинираните, кои докажано можат да го шират вирусот, да можат слободно да се движат насекаде?! Во ваков случај, вакцинираните може да станат и поголема опасност од невакцинираните и сметајќи дека се заштитени, да се заразат себеси и другите околу нив, лажно верувајќи, поради дадените привилегии за слободно движење, дека вакцината целосно ги штити нив и луѓето од нивната околина“, наведува Левица и бара повлекување на ваквата мерка и оставка од министерот за здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ