петок, 8 мај 2026

Ковачевски: Економијата е стабилна, имаме највисоко ниво на реализирани капитални расходи досега

Објавено на

часот

Сподели

„Зголемени се приходите, имаат раст на ниво на релизација од 15,3 отсто, што значи повеќе пари за граѓаните. Растот на економијата оваа година ќе биде над 4 отсто, што значи економските мерки кои ги реализиравме како Влада дале резултат. Имаме највисоко ниво на реализирани капитални расходи досега, повисока реализација за 45 посто во споредба со минатата година. Дефицитот е понизок од планираниот, изнесува 5,4 отсто од БДП, што значи дека задолжувањето на економијата било помало. Ова е уште една потврда дека економијата е стабилизирана и очекувам во 2022 година проекциите да се реализираат, да го забрзаме растот на економијата, во интерес на граѓаните и стопанството. Во годината во која ни доаѓаат нови предизвици со енергетската криза, економијата и државата се подготвени да помогнат на граѓаните и компаниите“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ