среда, 6 мај 2026

Иселениците ќе можат да вадат пасоши и во амбасадата во Словенија

Објавено на

часот

Сподели

„Почнаа со работа базните и мобилните станици за изработка и достава на патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, кои што живеат и работат во странство. Со новата опрема во нашите дипломатски и конзуларни претставништва,  постапката за подигнување на патни исправи е олеснета и скратена, за што сведочат и нашите државјани во Словенија. ‘Многу Ви се заблагодарувам на брзата постапка за издавање на  нашите пасоши. И други луѓе се задоволни од вас за брзата услуга‘. ‘Mногу сум изненаден што постапката за  издавањена нови пасоши беше многу брза. Се изненадив кога добив порака на телефонот, каде пишуваше: Дојдете да го подигнете пасошот! Пасошот Ви е готов“, коментирале македонски државјани, подигнувајќи ги новите пасоши во амбасада во Љубљана.

За ефикасноста и олеснетата процедура за стекнување со патни исправи,  што е овозможена со воспоставувањето на базните станици говореше и македонската амбасадорка, Сузана Зеленковска.

„Живееме во време на големи предизвици- здравствени, економски и социјални. Во таа насока нашата држава се погрижи со услугата за издавање на патните исправи во амбасадата постапката да се олесни и скрати, и да трае од две до три недели. На тој начин се зголемува како нашата ефикасност во работењето, така и задоволството на нашите граѓани од навременото добивање на патните исправи“, вели Зеленковска.  

Во август оваа година, министерот за надворешни работи, Бујар Османи ги промовираше деветте базни станици и четирите мобилни станици кои се поставени во земјите каде што повеќе е концентрирана нашата дијаспора. Подобрувањето на услугите за дијаспората е еден од клучните приоритети на Министерството за надворешни работи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ