четврток, 30 април 2026

Институциите не разговараат со младите, само 44 проценти веруваат дека ќе станеме членка на ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Од студијата произлегува заклучокот  дека младите кои се вклучени во младинско организирање, имаат попозитивна слика за себе и своето место во општеството, се вели во информацијата за медиумите.

Студијата, во чија функција минатата година била спроведена анкета меѓу младите, покажува дека за нив е важен влезот на Македонија во Европската Унија, но и дека е опаднат оптимизмот меѓу нив во споредба со 2019 година, па така 44 отсто од анкетираните веруваат дека државата ќе стане членка на ЕУ, а просечната година во која сметаат дека тоа може да се случи е 2026 година.

Само една третина од младите (29 проценти ) сметаат дека властите се запознаени со нивните потреби и проблеми. Кога станува збор за младите лица со попреченост, само 8% сметаат дека властите целосно или прилично се грижат за нив и нивните проблеми.

„Анкетираните млади покажуваат висока свест за гласањето, од нив на парламентарните избори во 2020 гласале 74,7%. Една петина од младите (20,3%) велат дека редовно преземаат активности за решавање на општествени проблеми, а една третина од тие кои делувале (33,4%) успевале да го решат проблемот. Пандемијата не ги одмина младите, речиси на над 15% им се намалила платата во текот на кризата, додека 6% ја изгубиле работата. Во поглед на образованието, младите кои се во образовен процес даваат просечна оцена – 3 за квалитет на наставата за време на пандемијата”, се вели во информацијата за медиумите.

За да се подобри животот на младите во земјата, дел од клучните препораки се да се гарантираат средства во државниот буџет за млади и младински политики, општините да формираат локални младински совети и да отворат младински центри, а политичките партии да се заложат младите да бидат застапени во програмите и на кандидатските листи на претстојните локални избори. Се препорачува да се поддржува младинското организирање и законски да се гарантира средношколското учество, а во поглед на пандемијата, институциите да работат на информирање и едукација на младите за потребата од вакцинација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ