„Добро е што земјите кандидати се тука заедно со земјите членки на Европската унија да се разговара за актуелните прашања“, изјави Димитров.
Тој додаде дека на средбата ќе го покрене и прашањето за пристапувањето и проширувањето на Унијата.
„Го споменав зборот ‘криза‘, кој етимолошки потекнува од терминот ‘одлучувачки момент‘. Сметам дека под словенечкото претседателство во наредните неколку недели и месеци многу ќе се приближиме до овој одлучувачки момент. Или ќе го обновиме кредибилитетот на Европската унија на Балканот или ќе го загубиме. Многу се потпираме на занаетот и мудроста на нашите словенечки пријатели, за кредибилитетот да се задржи, а не да се загуби“, рече Димитров.
Една од главните теми на состанокот, како што кажа, ќе биде и справувањето со коронавирусот.
„Вирусот не знае за граници и не знае дали некоја земја е членка или пак има статус на кандидат. Дури и ако гледате географски ние сме окружени од земји членки и затоа битката треба да се води заедно со ЕУ“, изјави Димитров.
Тој рече дека е големо задоволство да се биде во Брдо во Словенија и дека ја цени поканата на словенечкото претседателство. За него има смисла земјите од регионот да бидат таму со земјите членки на Европската Унија.






