вторник, 5 мај 2026

Ѓорѓиевски нема да користи службен автомобил, клучевите од сите возила под строга контрола

Објавено на

часот

Сподели

Вели, тие ќе бидат пренаменети за реконструкција на образовни објекти и детски игралишта, нешта кои навистина им се потребни на жителите на општина Кисела Вода.

„Никој повеќе нема право да ги злоупотребува службените возила во приватни цели. Од денес, клучевите на сите службени возила ќе бидат под строга контрола и ќе се користат исклучиво во корист на граѓаните, доста беше од бесцелно трошење на парите на граѓаните. Воедно, од денес, како што ветив во предизборната кампања, јас нема да користам службено возило и репрезентација, а тие пари ќе бидат пренаменети во реконструкција на градинки, училишта и детски игралишта. Затоа што, Кисела Вода мора да биде општина од 21 век, Општина за сите луѓе“, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ