На гласачките места во 14 казнено – поправни установи своето гласачко право го оствариле 943 од 1.409 запишани гласачи.
Во своите домови гласале 5.287 од вкупно 5.588 гласачи пријавени како болни или немоќни, додека во установите за вонсемејно згрижување, од запишани 266, правото на глас го искористиле 212 лица.
Дома гласале и 268 лица кои се наоѓаат во изолација поради ковид-19, од пријавените вкупно 376 избирачи.
Според информациите добиени од општинските изборни комисии ДИК оцени дека денешното гласање поминало без проблеми.






