понеделник, 4 мај 2026

Џафери на Европска конференција на претседатели на парламенти во Атина

Објавено на

часот

Сподели

Во воведното излагање тие ја истакнаа важноста на темите и предлозите што би требало да се упатат до владите за преземање на активности со цел надминување на денешните предизвици.

Како што се наведува во соопштението од Собранието, во однос на темата за споделување на искуства за предизвиците кои  што пандемијата со ковид-19 ги наметна врз демократиите и за решавањето на слични кризи во иднина, беше нагласена важноста на парламентите како гаранти на демократијата во време на криза и беше поздравен фактот што повеќето парламенти успеаја да ги обезбедат неопходните прилагодувања на нивните правила и процедури со цел да продолжат да ги извршуваат уставните улоги за време на пандемијата.

Во однос на улогата на парламентите и правото на здрава и одржлива животна средина, беше упатен повик претставниците на законодавните домови да се заложат за усвојување на мерки со кои ќе се обезбеди правото на безбедна, чиста, здрава и одржлива животна средина, вклучително и преку дополнителен протокол кон Европската конвенција за човекови права, кој треба да биде правно обврзувачки за земјите членки.

„Експлицитното признавање на правото на здрава и одржлива животна средина во Европа,како и во другите региони во светот, ќе го отвори патот за решителна акција и на европско и на национално ниво”, било кажано на отворањето на конференцијата.

Според програмата, Џафери ќе се обрати на вториот ден на Конференцијата, на темата „Заедничката иднина на сите европски граѓани”, а на маргините на Конференцијата предвидени се средби со претседателот на грчкиот парламент Тасулас и со потпретседателката на шведскиот парламент Џонсон Форнаве.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ