сабота, 2 мај 2026

Дер Лајен во Скопје ќе разговара за проблемот меѓу Македонија и Бугарија

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот не изнесе детали во врска со планот на претседателката на Комисијата поврзана со посетата на Скопје, односно на главните градови на земјите од Западен Балкан, само рече дека „прашањата ќе бидат одговорени на прес конференциите кои ќе се одржат во регионот“.

„Претседателката ќе патува во земјите од  Западен Балкан за да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот. Тоа се земји партнери на ЕУ со кои имаме многу силни врски и посетата ќе биде можност да се разговара за овие односи вклучително и тоа билатерално прашање“, рече Ерик Мамер, зборувајќи за македонско-бугарскиот спор.

Фон дер Лајен од 28 до 30 септември ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан почнувајќи од Албанија и Македонија.

Шефицата на Европската комисија ќе го посети регионот една недела пред Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи на шести октомври во Словенија со лидерите од регионот.

Од Европската Унија инсистираат дека овој самит нема да биде „самит за проширувањето” туку прилика да се разговара за односите на ЕУ и регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ