Државниот завод за статистика ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација на линкот на ДЗС и на линкот за пописот.
Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. „Даме Груев“ бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна до 16 август 2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија ќе се одржи од 5 септември до 30 септември 2021 година. Во меѓувреме продолжува електронското самопопишување на македонските државјани кои се на привремена работа или престој во странство. Досега, според податоците објавени на веб страницата на ДЗС, преку апликацијата за самопопишување се евидентирани вкупно 190.359 лица од дијаспората.
Самопопишувањето на македонските државјани во странство ќе трае до 30 септември, кога завршува Пописот на населението, домаќинствата и становите.






