сабота, 2 мај 2026

Денеска завршува пописот, ќе излезе дека Македонија има жители колку и гласачи. Каде се малолетните?

Објавено на

часот

Сподели

Вака излегува дека овој попис земајќи ги државјаните за главна единица за попишување ги изедначи пописот и избирачкиот список. За бројот на државјани под 18 години, а се во странство може само да претпоставуваме. Досега од дијаспората се попишале околу 200 илјади македонски жители кои повеќе од 12 месеци се во странство.

Според дефиницијата за овој попис излегува дека Македонија треба да има 2,3 милиони жители.

Има многу нелогичности во пописните дефиниции, но најважното е дека се изедначени пописот и избирачкиот список. Оттаму опфатот на овој попис е загрижувачки и покрај претпоставките дека има многу двојно попишани што значи тие 1,8 милиони се реално и помалку, велат експертите.

Она што загрижува, според експертите е и тоа што овој попис нема никакви контролни механизми, не се бараат документи, трети лица даваат податоци за отсутните, нема никаков механизам за контрола на опфатот и квалитетот т.е. точноста на податоците, во законот нема постпописно истражување кое во сите пописи е инструмент за контрола на точноста и опфатот.

И покрај овие нелогичности, одговорните лица велат дека сѐ се одвива според законските норми, дека нема потреба од продолжување на пописот и дека денеска, како што е и предвидено со законот, пописот завршува, а за околу шест месеци треба да се очекуваат првите резултати.

Во однос на дилемите за тоа зошто во прашалникот за попис стои припадност на етничка група или етничка заедницам од Државниот завод за статистика велат дека така било и досега и дека се работи за стандард на Обединетите нации. „Во пописниот прашалник има прашање за државјанство и прашање за припадност кон етничка заедница. Прашањето за државјанство е задолжително според Препораките на ООН и сите држави мора да го вклучат во пописниот прашалник, а прашањето за етничка припадност е незадолжително, односно секоја земја одлучува дали ѝ се потребни тие податоци. За жал, во пописите во нашата држава прашањето за етничка припадност е најважното прашање и околу него се кршат сите копја, но и токму поради ова прашање не можевме да спроведеме попис 20 години. При составувањето на прашалникот за попис, се тргнува од Препораките на ООН кои се задолжителни за сите земји и според националните потреби. Ова е стандард во сите досегашни пописи, па и во овој“, велат од Државниот завод за статистика.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ