вторник, 5 мај 2026

Даштевски не очекува сериозни проблеми зашто е помал обемот на гласање и е поголемо искуството со техниката

Објавено на

часот

Сподели

„Со оглед на проблемите што се појавуваа и интервенциите што се правеа, ние стекнавме солидно искуство и сега ќе биде многу подобро и како ќе поминува времето системот ќе се усовршува. Имаме и Акциски план како да се одвива гласањето таму каде што ќе се создаваат редици. Во првиот круг имаше 4,5 милиони гласачки ливчиња, сега има околи 1,6 милиони, што е многу помалку. Има секаде по двајца кандидата, во Град Скопје во дел од општините има по две ливчиња, а во другите општини има по едно ливче, изјави Даштевски во дневникот на ТВ Сител.

Општинските изборни комисии, рече, се известени од ДИК како да постапуваат ако се создаде редица – член од избирачкиот одбор треба да го спроведува редот и да ги пушта гласачите според тоа колку треба да бидат внатре односно онолку колку што има паравани.

Даштевски очекува и побрзо пребројување на ливчињата и пократко време за да се добијат резултатите од гласањето.

Ќе има околу 1.500 набљудувачи, што е за околу 300 набљудувачи повеќе во однос на првиот круг. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ