петок, 1 мај 2026

Брнз го брифирала Мицкоски за наредбата на Бајден за „црната листа“, тој неа за високиот степен на корупција и криминал

Објавено на

часот

Сподели

Информацијата за средбата амбасадорката Кејт Мари Брнз ја објави на Твитер.

„Извршната наредба е одраз на посветеноста на администрацијата на Бајден за борба против корупцијата и зајакнување на демократските институции, кои се важни приоритети и треба да бидат прифатени од сите партии во Северна Македонија за да може земјата да влезе во ЕУ и да се подобрат животите на нејзините граѓани“, напиша Брнз.

Од ВМРО-ДПМНЕ испратија соопштение до јавноста во кое информираат за средбата.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски, денес со секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Тимчо Муцунски остварија средба со амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз.

На средбата се разговараше за актуелните случувања и предизвици важни за државата.

Како акутен проблем од страна на Мицкоски беше посочен високиот степен на корупција и криминал присутна во највисоките структури на власта.

Мицкоски ја посочи и злоупотребата на европското знаменце како што е законот со кој се дозволува извоз на цвет од марихуана каде се штити директно бизнис интереси на врвот на власта.

Тој за спорот со источниот сосед ја истакна потребата за прифаќање на резолуцијата која е во собраниска процедура и која ги содржи црвените линии во насока на заштита на идентитетот, јазикот и историјата.

Мицкоски ја истакна потребата за реформи во повеќе области, како и проблемите поврзани со економијата, како што е невработеноста, растечката сиромаштија и рушење на стандардот“, се вели во соопштението на партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ