четврток, 7 мај 2026

Aнкета на ИПИС по повод четиригодишнината од 27 април: На правдата никој не ѝ верува

Објавено на

часот

Сподели

„Не се предаваме. Почнуваме 5-та година затвор неправедно осудени за дело кое не сме го сториле. Поминаа точно цели 4 години од кога во Македонија започна најголемиот политичко-правно монтиран случај во независна Македонија со една цел, промена на уставното име Македонија. Народот знае, искрените и чесни граѓани на Македонија знаат“, напиша пред два дена Јане Ченто, еден од осудените во овој случај по поминати четири години во затвор.

Големо мнозинство од анкетираните 1.102 граѓани од истражувањето на ИПИС изразија недоверба во процесот, во пресудата и сметаат дека треба ново судење.

На прашањето „Дали осудените се оранизатори или жртви со цел да се прикријат вистнските виновници за нстанот?“, 45,3 отсто од граѓаните сметаат осудените за 27 април се жртви со цел да се прикријат вистинските виновници на настанот. 27 проценти сметаат дека тие се организатори, додека 27,8 проценти немаат одговор на прашањето.

Дали осудените имаат фер судење? На ова прашање на анкетата на ИПИС 45,6 проценти од анкетираните одговорија негативно, сметаат дека осудените немале фер судење.

Огромно мнозинство од 50,4 проценти од испитаните граѓани сметаат дека процесот за 27 април бил монтиран.

Голем број од граѓаните (50,2 отсто) сметаат дека поради нефер судење и фактот што овој случај е политички монтиран треба да се повтори судењето.

Aнкетата е спроведена на барање на Меѓународниот центар за образование и обука Прилеп.

Четворица осомничени и обвинети за овој случај се во бегство, меѓу кои и Никола Груевски. Зоран Заев, премиерот во оставка тогаш како сведок во процесот го посочи Груевски како организатор, но не и останатите обвинети.

„Не мислам дека главни осмислувачи и организатори се Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и другите тука. Според мои сознанија, овие луѓе се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски“, рече Заев.

Во мај Пендаровски изјави дека на 27 април немаше тероризам, ама имаше терористичко загрозување на уставниот поредок.

16 обвинети беа осудени на 211 години затвор. Обвинителка во овој случај беше Вилма Русковска, а судијка Добрила Кацарска. Русковска денес е шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција,а Кацарска претседателка на Уставниот суд.

Во март 2029 година Митко Чавков доби најголема казна од 18 години, Митко Пешов 15 години, Душко Лазаров 15 години, Горан Ѓошевски – Леви – 15 години, Оливер Поповски – 13 години, Оливер Радулов 10 години, Мунир Пепиќ –  15 години, Абдулфета Алими – седум години, Младен Додевски – 12 години, Јане Ченто 15 години, Горанче Ангеловски – 12 години, Игор Југ – 12, Влатко Трајковски – 15 години, Вилијам Михајловски – 14 години, Никола Митровски – Кољо -15 години и Александар Василевски Нинџа – осум години.

Сите се осудени за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Судскиот процес почна во август 2018 година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, но по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ