сабота, 2 мај 2026

Адили: Режимот не знае што е демократија, се пука и на митинзи на кои има министри

Објавено на

часот

Сподели

„Освен пратениците и останатите функционери, за време на последниот инцидент во Желино присутен беше и заменик министерот за правда, Агим Нухиу“, изјави на прес-конференција на Алијанса за Албанците и Алтернатива Зулфи и потсети, како што рече, на настани од пред четири години „кога победата нѝ беше украдена и никој не одговараше за пукањето со оружје“.

Од Алијанса за Албанците и Алтернатива се уверени дека и сега мерки нема да бидат преземени „бидејќи обвинителството е во рацете на бившиот министер на ДУИ и законот за нив не важи“.

„За власта предводена од ДУИ-ДПА која манипулираше со изборите во Чаир од 2013 година нема епилог. И другиот пазарџија се казнува па потоа се става предметот на повторно разгледување, само затоа што одлично им служи на тајните служби. Чинот на уништувањето на предизборните материјали во Тетово, исто така е аларм за институциите во земјата, а посебно на меѓународните заедници, на мисиите за набљудување и Европската Унија“, рече Адили.

„Јавно го прашуваме премиерот Зоран Заев, дали се стратегија на Владата овие инциденти со оружје и со демолирање на предизборниот материјал во Скопје и  во Тетово,  бидејќи веќе се дозна оти неговите партнери се извршители на овие дела“, нагласи на крајот Зулфи Адили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ