четврток, 30 април 2026

17 организации на ДОМ се дистанцираа од раководењето на Морачанин и побараа оставка

Објавено на

часот

Сподели

Алтипармаковска нагласи дека пред целата јавност јасно и гласно порачуваат дека дистанцирањето на толкав број општински организации е поради „недемократските, нестатутарните и нечовечките постапки на Маја Марочанин и елитистичкото друштво кое ја киднапираше зелената партија“.

Таа додаде дека тоа „друштво повеќе не ги застапува зелените вредности и зелените политики. Тоа друштво одработува за нечии интереси и се труди ДОМ како зелена партија целосно да ја уништи“.

Како што рече, Морачанин со актуелното раководство, се само лица поединци без поддршка од општинските организации на партијата, чиј интерес е само да се грабнат нови позиции и затоа  жестоко се пресметуваат со секој неистомисленик, кого настојуваат да го отстранат, разрешат или игнорираат.

На прес-конференцијата беше речено дека таа, и лицата околу неа, започнаа со игнорирање на иницијативата за демократизирање на партијата зад која застанаа мнозинството членови на Централниот Одбор и две третини од општинските организации.

Беше нагласено дека нестатутарно и со фантомски гласачи беа разрешени од потпретседателска функција Ана Петровска и Мирослав Богдановски, лица кои се, како што беше истакнато, признати борци против загадувачите на животната средина, за потоа да излобираат и разрешување на Ана Петровска од директорската позиција во Инспекторатот за животна средина.

„И не останаа само на тоа преминаа кон делење на откази кон лица кои не се согласуваат со нивните нестатутарни и недемократски дејства. На улица оставаат лица со врвни резултати во нивното професионално работење, вршат мобинзи и притисоци, делат откази на лица кои што се поддржувачи на иницијативата за демократизирање на партијата. Згора на се, формираа коалиција ‘магла’ со која сакаат да ја добијат поддршката од граѓаните на престојните локални избори“, рече Алтипармаковска и додаде:

„Од Маја Морачанин бараме оставка. Маја, напушти ја зелената партија. Не ја уништувај единствената зелена партија. Судејќи според реакциите од разрешувањето на Ана Петровска се гледа дека на демократската јавноста и е кристално јасно дека се работи за лажни демократи и лажни зелени“.

На прес-конференцијата беше нагласено дека барањето за оставка доаѓа од 17 општински организации на ДОМ: Битола, Велес, Лозово, Кисела Вода, Гази Баба, Куманово, Прилеп, Охрид, Тетово, Делчево, Берово, Радовиш, Аеродром, Пробиштип, Дојран, Ѓорче Петров.

Сите ние издвоено продолжуваме со дејствување на планот на заштита на животната средина и демократизирање на општеството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ