сабота, 21 јуни 2025

Показна вежба на МВР за евакуација од жичница (ВИДЕО)

На жичницата „Милениумски крст“ на Водно денеска се реализираше показна вежба на тема „Евакуација од жичница“, во која учествуваа тимови на Специјалната единица за антитерористичка единица – Тигар на Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, според сценариото, жичницата престанува да работи поради електричен дефект или прекин на струја и е блокирана цела со што граѓаните остануваат заглавени во кабините во воздух. Во такви услови се ангажираат обучени тимови за интервенирање во ваков тип на инциденти со цел безбедно и координирано да ги евакуираат патниците останати во кабините.

„Преку ваквите вежби се стремиме да ги подобриме капацитетите на полицијата за навремено и ефикасно реагирање при слични кризни настани, како и да се зајакне меѓусебната координација, во насока на  поголема заштита и безбедност на граѓаните“, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ