сабота, 26 април 2025

Плата до 5-ти и породилно 18 месеци, предлозите на Левица утре пред пратениците

Задолжителна исплата на платата до 5-ти наместо до 15-ти во месецот, зголемување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци се предлог-законите поднесени од пратеничката група на Левица кои утре ќе се нахдат на дневниор ред во Собранието.

Објавено на

часот

Сподели

„Овие предлог-закони се само поднесени од пратеничката група на Левица, а се произлезени директно од потребите на народот.  Дополнително, овие законски решенија не претставуваат светски феномен, туку се компаративно познати и пожелни во други европски земји. Оттука, доколку продолжи партиската суета на владејачкото мнозинство составено од ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ, и овие предлози не бидат изгласани – тоа ќе биде удар врз оние коишто им го дале мандатот, народот, а не врз Левица. Досега мнозинството предводено од ДПМНЕ не гласаше за ниту еден предлог на Левица, тие без дебата и разумни контра-аргументи ги одбиваа сите предлози. Пратениците ги потсетуваме дека предлозите се во интерес на граѓаните, а не на политичките партии. Одбивањето на вакви законски решенија, само затоа што доаѓаат од Левица, не е политика – тоа е непочитување на работниците и семејствата пред кои секој пратеник одговара“, велат од Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ