петок, 17 април 2026

Петрушевски: Филипче и СДС живеат во паралелен свет на лаги и конструкции

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, реагира дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и партијата се однесуваат како да живеат во „паралелен свет на лаги и конструкции“.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението од денешната прес-конференција, Петрушевски наведува дека СДСМ по локалните избори, на кои освоиле околу 130 илјади гласови, што според него е најмал резултат во нивната историја, излегле со оцена дека станува збор за „одличен резултат“.

„Филипче се однесува како Алиса во земјата на чудата, СДС е партија на лагите и конструкциите, живеат во свој свет полн со апсурд и фантазија. СДС и Филипче, по поразот на локалните избори на кои дојдоа до 130 илјади гласови, најмалку во нивната историја, излегоа на прес-конференција и велеа дека тоа било одличен резултат„, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Петрушевски.

Тој се осврнува и на стратешкиот договор со Велика Британија, како и на различни политички и економски прашања, при што обвинува дека СДСМ дава погрешни толкувања и дезинформации за договорите и меѓународните политики на државата.

Петрушевски наведува и дека, иако СДСМ биле на власт седум години, не успеале да го завршат постмониторингот со Советот на Европа, додека актуелната власт тоа го направила во пократок рок.

Во соопштението се оценува дека СДСМ и Филипче „живеат во свој паралелен универзум“ и дека треба да се соочат со реалноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ