Притворот е одреден на барање на обвинителството поради можност за бегство и дека сторителот може да го повтори кривичното дело.
„На 11 јануари, осомничениот од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се оддалечил во непознат правец“, соопшти вчера Обвинителството.
Настанот се случи во неделата на 11 јануари, а следниот ден од Министерството за внатрешни работи соопштија дека полициски службеници од ЕВР Центар и Бит-пазар околу 12:40 часот на улицата „Кирил и Методиј“ во Скопје го уапсиле 54 годишниот Ш.А., поради оштетувањето на стаклото на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.






