Ќе се продаваат станови, апартмани, гаражи, деловен простор и градежно земјиште. Овие имоти на Груевски и на Мијалков им беа одземени во неколку судски процеси против нив. Ќе се продаваат станови на улицата „Бихаќка“, апартмани во „Панорама резиденс“, станови во Охрид, плацеви на Водно, во Центар…
Мијалков во случајот „Империја“ постигна спогодба со обвинителството на три години казна затвор и одземање на имот вреден околу 30 милиони евра. Почетна цена на имотот на Мијалков кој остана непродаден е 21 милион евра.
Во првата продажба на одземениот имот на Мијалков фирмата на неговиот син Јордан Мијалков, „Бест веј инвестментс“ за околу 300.000 евра ги купи трите стана и една гаража на Водно.