Во амбулантите прегледи и контроли за 24 часа побарале вкупно 208 луѓе.
Завчера во болницата во Тетово од ковид-19 почина и 21-годишно момче без хронични болести. Момчето било примен на 15 август, а карактеристично во болничкото лекување била отпорноста која што организмот ја имал кон антивирална терапија, објасни на средба со новинарите координаторот во ковид-центарот д-р Гзим Нуредини. Момчето немало хронични болести.






