петок, 15 мај 2026

Од први септември стартува реформата со нови наставни материјали и дигитални учебници, најавува МОН

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од МОН, наставата за учениците од прво и од четврто одделение од први септември ќе тече по новата Концепција, со новите материјали за учење за кои се уверени дека ќе дадат подобри резултати кај учениците. 

„Сите подготовки се одвиваат според планот и утврдената динамика. Наставните програмите се веќе донесени. Во постапка е набавката на 10 илјади таблети. Тече подготовката на материјалите за учење за прво одделение кои треба да се готови до крајот на јули, а првата половина на август првите дигитални учебници треба да бидат сосема готови и да се дистрибуираат до училиштата.

Дополнително се набавуваат кабинети за природни науки за 265 училишта. Овие кабинети се за погорните одделенија, но важно е училиштата да се подготвени за спроведување на реформскиот процес кој ќе се спроведува во следните 5-6 години”, велат од МОН.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ