сабота, 16 мај 2026

На бугарската граница од 31 јули нема да се вакцинираат македонски граѓани

Објавено на

часот

Сподели

Причина за одлуката, според Врабевски, е дека Македонија обезбеди вакцини за граѓаните во различни градови во земјата.

Вакциналните пунктови на бугарската медицинска компанија работат во реонот на граничните пунктови Станке Лисичково-Делчево и Златарево-Ново Село, меѓу двете држави и на жителите кои сакаа да се вакцинираат не им беа налагани ПЦР тестови за влез во Бугарија.

Досега 3.200 граѓани на Македонија беа вакцинирани од страна на „Комак медикал“ и ним им биле издавани сертификати за вакцинација, рече Врабевски за МИА.

Сите што се вакцинирале со една доза, ќе можат да ја примат втората до 31 јули.

Врабевски, за дописникот на МИА од Софија, вели дека вакцините што беа ветени од бугарскиот претседател Румен Радев за Македонија, се уште не се доставени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ