„Зетот и невестата дошле да примат инфузии да се освежат пред свадба, испиле парацетамол од дома непријавиле на доктор дека воопшто имаат температура, свадба цела си истерале со сите салтанати. Да не биде ова доволно, братот со фамилијата дел од позитивните, после свадба веднаш заминале на одмор во хотел Албанија. Немаше ништо да дознаеме, зетот да не заврши на инфективно одделение со пневмонија. Сега се чекаат следните за хоспитализација, веќе доста се позитивни од таа свадба“, вели Ефкоски во објавата.