Постои веројатност младата жена со коронавирусот да се заразила на свадба. Кога состојбата се влошила, таа побарала помош во кумановската болница. По сериозните компликации била препратена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Породена е со царски рез, а бебето е во инкубатор.
Напорите на лекарите да се спаси нејзиниот живот не успеале.






