вторник, 19 мај 2026

Мерката за вакцинална потврда нагло го зголеми интересот за вакцинација

Објавено на

часот

Сподели

Министерството, како и во секое редовно дневно соопштение, истакнува дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека во тек е и теренска вакцинација.

„На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 543.597 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.030 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.679 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 982.645 дози вакцини, а ревакцинирани се 439.048 граѓани“, се вели во соопштението.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, додека теренска вакцинација се одвива на територијата на целата држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Министерството потсетува и дека сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

„Со последните бројки 66% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 63% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 59% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 48% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, се вели во анализата на Министерството за здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ