„Најголем број случаи „увезени” се од Северна Македонија, дури 866, а во споредба со ситуацијата од пред две недели, тоа е зголемување за 477 позитивни лица“, вели Агенцијата.
Од Косово 799 повратници го донеле вирусот во Австрија и тоа е значително зголемување ако се има предвид дека до пред две недели од таа земја како заразени се вратиле 253 лица. Од Хрватска се увезени 683 случаи, а од Турција се увезени 662 случаи.
Според австриската Агенција, во 31 -та календарска недела, беа регистрирани 5.888 инфекции со коронавирус, а во 32 недела, веќе имаше 8.113 од нив, од кои околу 40 проценти се однесуваат на повратници од одмор.
Во меѓувреме, Федералната служба за борба против тероризмот и заштита на Уставот (БВТ) на Австрија предупреди на опасноста од нови дејствија на групи кои го негираат постоењето на коронавирусот, пред се против медиумите.
БВТ посочува дека групите што го негираат постоењето на коронавирусот собираат податоци за медиумските куќи, прават црна листа и сакаат да влијаат врз известувањето за пандемија и вакцинација. Особено, тие работат на собирање е-пошта и поштенски адреси на издавачки куќи во Австрија и Германија, со цел да состават виртуелен адресар. ссм/






