Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 17 до 25 степени. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.






